Ја запоставија кариерата затоа што децата им се најважни

од desk2

 

Мила Кунис и Ештон Кучер во тајност се венчаа во 2015 година, а својот приватен живот го кријат од медиумите.

Во саботата двајцата со своите деца Вајат (3) и Димитри (1), заминаа на ручек во Западен Холивуд. Актерката, која за оваа прилика облече кус црвен фустан, имаше полни раце храна и пијалоци, додека нејзиниот сопруг и актер ги носеше децата в раце.

Мила и Ештон го кријат својот живот од медиумите, а папараците ретко ги ловат со децата, но овојпат им успеа. Двајцата обожаваат што се родители, што многупати во интервјуа го кажуваат.

Многумина за нив велат дека се најслаткото холивудско семејство. Двојката ја почна врската во 2012 година, се свршија во 2014, а се венчаа во 2015 година.

Слични содржини