Јамајка демантира: Не го признавме Косово (фото)

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, на својот профил на Твитер го негираше вчера тврдењето на Хашим Тачи дека земјата ја признала независноста на Косово.

Косовскиот претседател Хашим Тачи напиша на Твитер во четвртокот дека бил известен од амбасадорот, Влора Читаку дека Јамајка ја признала независноста на Косово.

Сепак, министерот за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја негираше најавата на Тачи, со краток, но јасен коментар дека „Јамајка не го признава Косово како независна држава“.

Премиерот на Косово, Албин Курти изрази претходна благодарност до Владата на Јамајка и народот на таа земја за нивното наводно признавање на независноста на Косово.

„Сакам да им се заблагодарам на народот и на Владата на Јамајка, како и на премиерот Ендру Холнс. Со нетрпение ја очекувам соработката и искажувам благодарност до Косово за целата идна соработка“, напиша Курти на својот профил на Твитер во четвртокот.

Слични содржини