Јанчев ги повика надлежните да проверат какво гориво користи Еуроникел

од Берта Китинска

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска побара брза реакција на надлежните институции по објавените информации за користењето на отпадно масло,  како мазут,  во Еурониел индустри.

– Институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут

Не смееме како градоначалник и општина да дозволиме интересот на бизнисот да биде пред здравјето на граѓаните. Со увоз на отпадно гориво кое е забрането во Европска унија, а кај нас се увезува како мазут и се употребува, знаејќи дека тоа има смртоносни последици некој мора да сноси одговорност. Ги повикувам надлежните државни институции како даватели на интегрираната еколошка А дозвола , царинската управа и инспекторатот за животна средина да ги испитаат изнесените информации во истражувањето во емисијата и да постапат доследно своите надлежностирече Јанчев

Тој појасни дека доколку не бидат превземени мерки од надлежните тогаш општината ќе реагира.

-Доколку надлежните институции не се вклучат, тогаш јас како градоначалник ќе ги превземам сите правни дејствија. Не верувам дека институциите  на оваа тема ќе бидат неми, вели Јанчев.

Слични содржини