Јанков: Луѓето треба да бидат свесни како придонесуваат за самото загадување

од Vladimir Zorba

За состојбите со алармантното загадување, и се’ позагадената животна средина, гости во „Win-Win“ се преставници на невладините Еко-Свест и Иницијативата О2, како и претставник од адвокатското друштво Апостолски, кои поднесуваат тужба против Владата на Северна Македонија, поради енормното аеро-загадување.

Секоја зима актуелна станува темата за аерозагадувањето, но барајќи директен виновник, граѓаните треба и самите да учествуваат во креирањето на повисока свесност за последиците кои и самите ги предизвикуваат со своите постапки. Ова го истакна Андреа Јанков, активист од иницијативата „Го сакам Водно“.

„Сметам дека луѓето имаат проблем да тргнат од себе си на начинот на кој тие влијаат на самото загадувањето и тоа не се однесува само на аерозагадувањето, туку и на почвата и на водите. Ние имаме проблем, бидејќи Скопје го сведовме на девет помали гратчиња и сите независно функционираат и имаме градоначалник, кој треба да ги држи сите под една капа. Попис немаме од 2002 година и имаме урбанистички план кој истекува за две години. Тука се косат ингеренциите. за каков развој на градот зборуваме и за какви стратегии да планираме кога не знаеме како ни се развива нашиот град. Покрај тоа, во скопската котлина имаме и други општини кои делуваат на ист начин. Во зимно време имаме инверзија, како ние бараме некој маѓичен загадувач, посакуваме да има некоја „Баба Рога“ и да кажеме ова е изворот на целото загадување, а негираме како ние придонесуваме на загадувањето. Мора да имаме малку осет како ние влијаеме на сето тоа“, рече Андреа.

Слични содржини