Јорданов повторно се огласи: Ако С. Македонија беше библиска земја, Бог немаше да дозволи да изгуби 7-0 од Англија

од Nikola Popovski

Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и актуелен европратеник Александар Јорданов повторно се израдува на новиот пораз на нашата фудбалска репрезентација. Тој денеска на социјалните мрежи објави порака после синоќешниот висок пораз на македонските фудбалери од Англија со 7-0.

Јорданов во својата порака се исмева прашувајќи „дали Бог навистина е Бугарин“.

-Што видовме? Некои светски познати Англичани во фудбал ја победија нашата соседна светски позната „библиска земја“ Северна Македонија со СЕДУМ спрема НУЛА (7-0). Заклучок: значи оваа земја не е библиска. Затоа што ако беше библиска, тогаш Бог немаше да дозволи да го доживее овој срамен и понижувачки пораз. Освен ако тој, вечна слава, не е Бугарин, како што тврдеше познат фудбалски коментатор пред 30 години, објавил контроверзниот политичар.

Тој пред неколку дена го прокоментира поразот на нашата фудбалска репрезентација од Украина.

-Добри вести. Украина ја победи Северна Македонија во фудбал среде Скопје. Се додека се антибугари, така ќе биде, напишал Јорданов на Фејсбук.

Слични содржини