Јовановиќ: Нон-пејперот е составен за да се блокира проширувањето на ЕУ со останатите земји од Западен Балкан

од Nikola Popovski

„Целата идеја е да нема проширување во ЕУ, односно ми се чини дека нон-пејперот е стриктно направен за да се блокира проширувањето на останатите земји-членки од Западен Балкан, кои планираат да се интегрираа во ЕУ“, смета политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ за нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Според него, овој неофицијален документ врши работа и на некои кои што молчат, односно дека ентузијазмот за проширување и не е така голем.

„Сега прашањето е како Германија после Меркел ќе се одреди кон овој нон-пејпер и во тоа не-проширување на ЕУ. Во моментов, за американската администрација ќе биде неприфатливо ново прекројување на балканските граници. Ако беше Трамп на власт, возможно ќе беше во некаква игра да влезат националистичките фантазии и територијалните прекројувања“, вели Јовановиќ за емисијата „Утрински брифинг“.

Во својот нон-пејпер испратен до одбрани адреси во ЕУ, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, предложи решавање на споровите на Балканот со промена на границите.

Нон-пејперот предизвика први потреси уште пред да го објави словенечкиот портал „Нецензурирано“ (necenzurirano.si) во средата вечер (14.04.2021). Повторното повлекување на границите, тема на спорниот документ, на Балканот е нешто како слон во просторијата: голема закана, но за неа никој не зборува. По првите гласини за нон-пејперот, хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, отпатува во Сараево и ги смири духовите, велејќи дека Хрватска го поддржува интегритетот на соседната држава и оти за постоењето на „фантомскиот документ нема никакви докази“.

Слични содржини