Јовановски кон Камчев: Што имаше друго во торбата, освен милион евра?

од Vladimir Zorba

Првообвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште за случајот „Рекет“ на сведокот, бизнисменот Орце Камчев, му постави прашање што друго освен, како што рече, непостојните милион евра, имало во торбата.

Камчев одговори дека внатре имало весници за да се покријат парите.

Јовановски на тоа праша: „И што друго?“, на што Камчев возврати: „Ништо“.

Тогаш Јовановски го праша дали му била вратена торбата „Луј Витон“, на што бизнисменот рече дека нему не му била вратена.

„21 или 22 февруари 2019 година 15 или 17 часот чантата јас и Милевски си ја вративме, а тоа ќе го докаже и вештачењето од безбедносните камери од твојот дом“, посочи Јовановски.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини