Јулија Скрипал до јавноста: Мојата сила расте секој ден

од Vladimir Zorba

Јулија Скрипал преку сооштене кое го издаде Лондонската полиција наведува дека се оправува и оти секој нов ден е се подобра, но дека по инцидент е „малку збунета “.

„ Се разбудив пред една недела сега и ми е драго да кажам дека мојата сила расте секој ден. Благодарна сум за интересот за мене “, се наведува во изјавата на ќерката на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал

Таа освен што се забагодарува за интерсирањето за нејзиниот случај ја замолува јавноста да ја почитува нејзината приватност.

„Има многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам за моето закрепнување и особено би сакала да ги спомнам луѓето од Солсбери кои ми помогнаа кога татко ми и јас бевме неспособни. Освен тоа, би сакала да им се заблагодарам на вработените во окружната болница Салисбери за нивната грижа и професионалност. Сигурна сум дека цените дека целата епизода е донекаде збунувака и се надевам дека ќе ја почитувате мојата приватност за време на моето заздравување “, се вели во изјавата на Јулија што ја објавува полицијата.

Во соопштението не е спомената состојбата на нејзиниот татко или каква било информација за тоа кој според неа е одговорен за нападот со нервен гас.

Слични содржини