Каевски: Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ

од Nikola Popovski

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени, порача денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Како што истакна, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.

Се што треба ДПМНЕ и Мицкоски да направат, вели Каевски, е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.

По 17 години во чекалната, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност. Сега е време за нов, сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година, порача пратеникот.

Слични содржини