Како да се стимулира лачењето на хормоните кои прават да се чувствуваме среќни?

од Stefanija Kuzmanovska

Хормоните имаат големо влијание врз нашиот секојдневен живот и на крајот на квалитетот на нашиот живот.

Ендорфинот, серотонинот и допаминот се трите главни хормони кои водат до чувство на среќа и задоволство, а постојат неколку начини да се поттикне нивното лачење.

Фактори како правилна исхрана, физички активности и креативни хобиња можат да влијаат на нивното лачење.

Ендорфин
Движењето одамна е познато како средство против депресија, а науката ја докажала неговата спасоносна улога: Спортот и другите умерени физички напори произведуваат мерлив физиолошки ефект, кој обезбедува чувство на психофизичка благосостојба.

Англичаните го нарекуваат „runner’s high“, што може да се преведе како тркачка еуфорија. Сепак, не се работи само за трчање, туку за секоја физичка активност која бара малку повеќе труд, па тука спаѓаат и возењето велосипед, пливање, кошарка, брзо одење, градинарство или секс.

Допамин
Допаминот влијае на нашето расположение, спиење, меморија, учење и концентрација. Експертите веруваат дека допаминот е повеќе поврзан со мотивацијата, желбата и нагонот. Добрата рамнотежа на допамин е од витално значење за физичката и менталната благосостојба.

Исхраната може да влијае на нивото на допамин, се верува дека заситените масти предизвикуваат воспалителни процеси кои можат да влијаат на лачењето на допамин. Поради недостаток на протеини, можен е недостаток на л-тирозин, аминокиселина која помага во производството на допамин.

Физичката активност може да го зголеми нивото на допамин во телото. Редовните прошетки, пливањето или возењето велосипед можат да помогнат. Промените во начинот на кој јадете може да го стимулираат лачењето на допамин.

Некои студии сугерираат дека незаситените масти го немаат истиот ефект, а исхраната богата со добри незаситени масти, заедно со овошје, зеленчук и протеини, може да биде корисна.

Аминокиселината л-тирозин е особено важна, бидејќи на телото му е потребна за производство на допамин. Л-тирозин се наоѓа во пилешкото, говедското месо, јајцата, бадемите, авокадото, бананите.

Авокадото и бананите се исто така природни извори на самиот допамин, заедно со друга храна како грашок, модар патлиџан, цитрусно овошје и домати.

Серотонин
Серотонинот е природен моноамински невротрансмитер кој пренесува сигнали помеѓу нервните клетки низ телото. Освен што ги контролира емоциите, влијае и на моторните функции.

Влијае и на расположението и е познат како еден од хормоните на среќата. Им помага на луѓето да спијат подобро, важен е за варење, но и за заздравување на раните и контрола на сексуалните функции. Постојат студии кои велат дека недостатокот на оваа хемикалија може да влијае и на појавата на депресија.

Така, нивото на ова соединение може да се зголеми со изложување на дневна светлина, вежбање, правилна исхрана и медитација. Во однос на исхраната, на нивото на серотонин најмногу ќе влијаат сложените јаглехидрати како зеленчук, овошје, мешунки или цели зрна.

Кога се јаде оваа храна, телото произведува повеќе инсулин, кој потоа им помага на мускулите да привлечат повеќе амино киселини, давајќи му на триптофанот поголема шанса да стигне до мозокот.

Слични содржини