Како демонстрантите во Хонгконг се борат против кинеската технологија?

од desk2

Протестите во Хонгконг почнаа со барањето да се повлече законот со кој жителите на тој дел од Кина би биле екстрадирани на централните власти. Одредбата беше повлечена, но демонстрациите станаа помасовни и понасилни.

Властите користеа напредна технологија, како софтвери за препознавање лица, за да се стави крај на протестите, поради што стотици илјади демонстранти го возвратија ударот и на улиците настана вистинска сајбер војна.

За да ја заобиколат технологијата за препознавање лица учесниците на протестот од почетокот носеа маски, а со текот на времето минаa на посложени решенија. Неодамна беше објавено видео од протестот во кое се гледаат ласерски зраци насочени кон полицијата.

Демонстрантите не користат ласери само за да ги дезориентираат органите на редот туку и за да ги заобиколат кинеските системи на масовен надзор, особено оние за препознавање лица. Полицијата ги предупреди демонстрантите дека користењето на овие лaсери може да го оштети видот, но тие не ги послушаа.

Метежот од улиците се пресели на Twitter, кој активно го користат и двете страни, по што кинеската влада го блокираше пристапот до Twitter.

Слични содржини