Како короната влијае на срцето?

од Nikola Popovski

Руската лекарка, кардиолог Асијат Хачирова откри какви промени во работата на срцето може да предизвика коронавирусот и што треба да се направи за да се избегнат.

По прележувањето, пациентот може да има зголемен пулс.

„После болеста, секоја физичка активност, дури и најмалата, може многу да влијае на забрзаниот пулс. Станува збор за тоа дека организмот ослабнал и за да се исполни волуменот потребен за циркулација на крвта, срцето почнува посилно да пумпа. Ова се случува по сите тешки респираторни инфекции, како и после Ковид-19. По бранот на коронавирусот, во мојата ординација се појавија голем број пациенти со забрзан пулс“, изјавила докторката.

Би дошло до оштетување на срцето доколку зголемениот пулс продолжи долго време.

„Ако срцето секогаш работи со големи брзини, тогаш и побрзо ќе се истроши“, вели Хачирова.

За да се намалат оштетувањата по коронавирусот, според кардиологот, потребно е правилно да се спие и одмара, како и да се има редовна исхрана. Исто така, неопходно е да се избегнуваат физички активности.

Слични содржини