Како најлесно да прочитате личност родена во знакот Стрелец?

од Elena Daskalova

Стрелецот е огнен знак кој сака да патува, да се впушта во авантури, има космопилитски дух и се води по високи морални правила.

Припадниците на овој хороскопски знак се енергични, отворени, неконвенционални, истражуваат, пишуваат и се одлични дипломати. Ги привлекува сè што ги возвишува духот и телото. Имаат големи апетити и сакаат сè да пробаат и да истражат. Без многу размислување се впуштаат во ризици.

Во комуникацијата се отворени, некогаш и премногу директни. Го кажуваат она што им паѓа прво на памет, Искрени се и мислат дека сите се такви. Нивната великодушност често ги прави жртви на искористувачи. Ако нешто се прави првпат, сакаат да бидат доброволци. Ги привлекуваат различни култури, традиции, патувања, не сакаат малограѓанштина, озборување и здодевна работа.

Мразат ограничување на слободата и чувството дека се обврзани некаде да останат само затоа што таму им е животот, семејството, пријателите…

Слични содржини