Камала Харис ја прими првата доза од вакцината против коронавирус (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19 на „Модерна“, пренесоа странските медиуми.

„Сакам да ги охрабрам сите да ја примат вакцината. Буквално, ова е спасување животи. Јас верувам во науката“, порача Харис по примањето на вакцината.

Други врвни јавни службеници, вклучувајќи го и новоизбраниот претседател Џо Бајден и сегашниот потпретседател Мајк Пенс, претходно добија дози на вакцината „Фајзер“ / „БиоНТек“.

Претседателот во заминување, Доналд Трамп, допрва треба да прими вакцина против коронавирус.

Слични содржини