Канадски научници: Штити ли канабисот од коронавирус?

од Nikola Popovski

Истражувачите од Универзитетот во Летбриџ, Канада се убедени дека некои активни состојки од канабис можат да помогнат да се спречи вирусот да влегува во клетките на белите дробови, во кои потоа се размножува и шири, пишува „Њујорк пост“. Тие посочуваат дека канабисот може да ги намали влезните точки на вирусот до 70 проценти.

Според канадската студија, канабидиолит ќе го промени нивото на ACE2 рецепторите во телото на кое се врзува вирусот кога ќе влезе во човечкото тело, што би направило некое лице да биде помалку „пожелен“ домаќин на вирусот и, во теорија, да го намали ризикот од инфекција.

„Нашата работа може да има огромно влијание бидејќи нема многу лекови што можат да ја намалат инфекцијата за 70-80 проценти“, се вели во студијата.

Од 800 видови на канабис, тие изолирале 13 екстракти за кои веруваат дека можат да влијаат на нивото на ACE2 во човечкото тело.

Научниците истакнаа дека се потребни повеќе истражувања за да се докаже ефективноста на канабидиолот.

„Веруваме дека во иднина подготовките на канабидиол би можеле да бидат додаток на третман или превенција во борбата против коронавирусот“, изјави научничката Олга Ковалчук.

Канабисот дури може да се користи за „развивање едноставни превентивни третмани во форма на средствата за плакнење на устата и грлото“, покажа студијата, со „потенцијал да се намали влегувањето на вирусот“ преку устата.

Слични содржини