Канадскиот Сенат ја легализира марихуаната

од desk4

  Сенатот на канадскиот Парламент одобри легализација на марихуаната за рекреативни цели со закон кој го регулира одгледувањето, дистрибуцијата и нејзината продажба.

Земјата е прва меѓу членките на Г-7 која легализира марихуана за рекреативна употреба.

Поседувањето канабис во Канада е криминал од 1923 година, но неговата употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година.

Предлог-законот најверојатно ќе добие кралско одобрение – указ потпишан од генералниот гувернер кој ја претставува кралицата Елизабета Втора, по што Владата ќе треба да избере официјален датум за влегување во сила на законот.

Се очекува локалните власти да добијат осум до дванаесет недели за да утврдат каде ќе се продава марихуана. Од средината на септември, Канаѓаните веќе ќе можат да купуваат од лиценцирани производители на различни локации, но и да порачаат онлајн.

Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.

Слични содржини