Карагер: Добро е што го нема Фергусон, ќе требаше да почекаме подолго за титулата

од Vladimir Zorba

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер изјави дека неговиот клуб можеби ќе требаше да чека повеќе од 30 години за титулата, доколку Алекс Фергусон не се пензионираше.

Ливерпул ќе скрши 30-годишен пост оваа година и би можел да ја освои титулата уште следниот викенд под услов Сити да загуби од Арсенал и Ливерпул го совлада Евертон во градското дерби. На девет рунди пред крајот, на „црвените“ им требаат само уште шест поени за математички да ја потврдат титулата.

„Се чини дека Ливерпул конечно се врати таму каде што припаѓа и добро е што Алекс Фергусон не е повеќе тука, затоа што можеби ќе требаше да чекаме подолго за титулата. Едвај кога се повлече, останатите клубови добија шанса да се борат за трофеи. Тој беше генијалец кој добро препозна дека Ливерпул ја губи силата во раните 90-ти и повеќе не му дозволи да се разигра“, рече Карагер, кој ја помина целата своја кариера во Ливерпул и има забележано 737 настапи.

Пред кризата со коронавирус се подготвуваше голема прослава во Ливерпул, но сега екипата на Клоп ќе ја прослават титулата само едни со други, на празен стадион.

Слични содржини