Кармен Електра поднесе барање за промена на нејзиното име – Дали знаете како е нејзиното вистинско име?

од Radmila Tasevska

Американската пејачка и актерка најпозната по уметничкото име Кармен Електра поднесе барање за промена на името, пишува TMZ, цитира Стандард лајф.

Од документите со кои располагаат американските медиуми евидентно е дека актерката сака законски да го смени вистинското име Тара Ли Патрик во Кармен Електра, а барањето го поднела на 29 декември 2023 година. Сè уште не се знае дали нејзиното барање е прифатено, но според ТМЗ барањето за промена на името е многу брз процес, па наскоро ќе се знае дали е прифатено.

Нејзините обожаватели не се изненадени од оваа вест бидејќи токму со името Кармен Електра таа стекна голема популарност. Имено, актерката го користи тоа име уште од кога стапи на сцената во 90-тите години, кога се прослави како Лани Мекензи во осмата сезона на популарната телевизиска серија „Спасувачка служба“. Таа глумеше и во филмовите „Ќерката на мојот шеф“ и „Мракот 2“, а гостуваше и во епизодите на серијата Џои и серијата „Нови деца од Беверли Хилс“.

Слични содржини