Карпош се подготвува за најавените снежни врнежи

од Берта Китинска

Зимската служба на Општина Карпош распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места – населби (Бардовци, Жданец и Трнодол). Станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.

-Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на снегот по сообраќајниците и пешачките зони.Општина Карпош е во постојана комуникација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во консултација со стручните лица од оваа институција, се преземаат превентивни активности за полесно справување со најавениот снег.Имено, денеска се очекуваат снежни врнежи во попладневните и вечерни часови, а поинтензивни врнежи од снег се очекуваат во текот на утрешниот ден (од 2 до 5 cm во скопската котлина), соопштија од општината.

Општината има намера примарно да се исчистат повисоките места (населби), како и да се обезбеди безбедно движење на граѓаните по пофреквентните зони.

 

loading...

Слични содржини