Касемиро: Чувствувам поголем притисок во видеоигрите отколку на „Сантијаго Бернабеу“

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Реал, Касемиро, откри детали за неговата гејмерска кариера во интервју за „Марка“.

Бразилецот е долгогодишен страствен играч на видеоигри, од кои најчесто игра Counter-Strike: Global Offensive (CS: GO), една од најкомпететивните игри во светот. Касемиро ја пренесува играта на Twitch, каде има повеќе од 100.000 следбеници.

„Откако го отворив каналот на Twitch, мојата комуникација со обожавателите се подобри. Луѓето се поблиску до вас, тие ве прашуваат во реално време и јас им одговарам. Мислам дека тоа е добро“, рече Касемиро и додаде:

„Луѓето тука се многу поблиски до вас отколку на натпреварите, а кога ќе направите грешка, има и навреди. Кога играм CS: GO, чувствувам поголем притисок отколку кога играм на Сантијаго Бернабеу. Многу потешко ми е кога луѓето ме гледаат како играм игри отколку фудбал“.

Слични содржини