Катастрофа во Бразил: Повеќе од 30.000 нови случаи за 24 часа

од Vladimir Zorba

Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил надмина 802.000, откако во последните 24 часа се регистрирани 30.412 нови случаи. Само САД бележат повеќе заразени.

Во истиот период починале 1.239 лица, така што вкупниот број на жртви е 40.919, соопшти Министерството за здравство.

Во однос на бројот на загинати, Бразил е на третото место, по Соединетите држави и Велика Британија.

Од почетокот на епидемијата во оваа земја, 345.595 луѓе се опоравиле од коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Слични содржини