Ќе бидете изненадени од тоа на колку години задоволството од сексот е најголемо!

од desk4

Американска анкета покажа дека сексот е најдобар на 60 години, објави “Мејл он сандеј”.

За небврзаните мажи и жени сексот е најдобара на оваа возраст, бидејќи луѓето веќе имаат искуство, знаат што сакаат и се ослободени да ги истражуваат димензиите на сексуалноста, објасни секстерапевтот д-р Мадлен Кастеланос.

Жените најмногу се среќни со својот сексуален живот на возраст од 66 години, а мажи на 64 години.

-Со годините човек знае што сака физички – додаде д-р Кастеланос.
– Колку постар, толку помалку си ограничен од тоа што мислат другите, што мисли општеството и што мисли партнерот”.

Истражувањето “Необврзаните во Америка” опфати 5.000 луѓе. Претходните истражувања исто открија дека сексот се подобрува со возраста, како и тоаа луѓето на 60 и 70 години се забавуваат подобро меѓу чаршафите.

Слични содржини