Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите?

од desk2

Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите? По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски само со лична карта, власта ќе бара начин на обвинетите, освен пасошот да им биде одземен и овој документ, како мерка за обезбедување, пишува Независен.

Премиерот Зоран Заев вели дека правниот систем работи и бара начин како да се реши ова прашање, со оглед на тоа што личната карта е единствен документ за идентификација на обвинетите кои се слободни, односно кои не се во притвор.

„Судот не може повеќе да одзема само пасош, мора да одзема и лична карта поради тоа што имаме соседни земји каде што патуваме само со лична карта. Одземањето на пасошот, заради неможност да се премине граница, не е доволно. Но треба да се промени законот и таму да пишува дека не само патна исправа, туку да се одземе и лична карта. Правниот систем работи и бара начин“, вели Заев.

Целиот текст ТУКА

 

Слични содржини