„ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ АМЕРИКА!“: Трамп на првиот масовен митинг по напуштањето на Белата куќа

од Vladimir Zorba

На првиот митинг по напуштањето на Белата куќа, Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден во саботата вечерта и ги повика приврзаниците да им помогнат на републиканците да го вратат мнозинството во двата дома на Конгресот.

– Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка, а тоа наскоро – рече Трамп.

Трамп одржа говори на некои митинзи на Републиканците откако ги загуби изборите од демократот Џо Бајден, но митингот во Охајо – земјата каде победи на изборите во 2020 година – претставува враќање на масовните митинзи што беа клучни за одржување на поддршката за неговата база.

Трамп ја напушти функцијата по нападот на неговите приврзаници врз Капитол на 6 јануари, што се случи кратко по говорот во кој тој повтори тврдења дека изборите биле украдени.

Демократите двапати се обидоа да го отповикаат во Сенатот, а тој сè уште има големо влијание врз Републиканската партија, делумно затоа што ја остави отворена можноста повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.

Обраќајќи им се на илјадници приврзаници, Трамп презентираше список со поплаки – со критики за изборите во Америка, а особено се фокусираше на растечкиот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница.

Малото мнозинство демократи во двата дома на Конгресот ќе биде доведено во прашање на изборите за Конгресот во 2022 година, и ако историјата е показател, републиканците имаат големи шанси да освојат нови места на тие избори.

Слични содржини