Кејт Мидлтон верно ги следи модните трендови: Ја воодушеви публиката со својот капут-фустан (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг вчера пристигнаа во Манчестер за да им оддадат почит на жртвите од терористичкиот напад во „Манчестер арената“ во 2017 година.

Како и секогаш, Кејт и овојпат не препушти ништо на случајноста, па со својот стајлинг и модни детали се осврна на тежината на овој трагичен настан.

Кејт му оддаде почит на симболот на градската пчела работничка со нејзините обетки од саќе. Пчелата е еден од најпознатите симболи на Манчестер повеќе од 150 години и дел од грбот на Градскиот совет на овој град, а набрзо стана симбол на единството против омразата и тероризмот по нападот во 2017 година.

Војвотката за оваа пригода избра многу елегантен капут-фустан, чиј крој моментално е во тренд. Фустанот го потпишува модната куќа „Мајкл Корс“, а војвотката го носеше и во Австралија во 2014 година.

Целиот стајлинг Кејт го комплетираше со тегет салонки и чанта во иста боја, а прстените и ланчето ја „заокружија“ комбинацијата.

Слични содржини