Кејти Холмс гордо ги покажа несовршеностите

Актерката Кејти Холмс (40) сака да е секогаш средена и дотерана, меѓутоа и таа има свои недостатоци кои сега ги сподели со своите следачи.

Не социјалните мрежи објави фотографија во црно широко одело под кое има само минијатурен топ. Ѕиркаше голиот стомак на кој биле видливи стриите.

Таа е една од ретките познати дами кои се охрабриле да ги покажат своите недостатоци, а на сметка на тоа добила многу позитивни коментари.

„Изгледаш прекрасно и толку природно и задоволно во своето тело“, „Се гледа дека не се плашиш да го покажеш своето тело онакво какво што е“, „Безвременска убавина“, „ми се допаѓа тоа што без проблем ги покажуваш своите стрии од бременоста, браво“ – се само дел од коментарите.

Кејти Холмс често го привлекува медиумското внимание поради Сциентолошката црква, на која се придружи по наговарање на поранешниот сопруг Том Круз (57). Холм и Круз во брак беа шест години и ја имаат ќерката Сури (13).

Слични содржини