Кентаки ги брои жртвите по серијата торнада: Над 70 загинати во невремето (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Најмалку 83 лица загинаа во разорното торнадо во пет сојузни држави во САД, покажува новиот официјален биланс на американските власти.

Најтешко беше погодена државата Кентаки, а торнадото вчера ги погоди Арканзас, Мисури, Илиноис и Тенеси.

Гувернерот на Кентаки, Енди Башир, потврди дека во Кентаки загинале 70 луѓе и дека стравува дека билансот може да биде 100.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се случила „незамислива трагедија“.

Тој на Твитер изјави дека ги следи настаните и дека е во контакт со гувернерите на погодените земји.

Оштетени се фабриката за свеќи во Кентаки, складиштето на Амазон во државата Илиноис, домот за стари лица во Арказас и многу домови и згради.

Првиот човек на Амазон, Џеф Безос, на Твитер изрази сочувство поради смртта на шестмина работници во магацинот на компанијата недалеку од Едвардсвил.

Слични содржини