КФОР: Отстранете ги барикадите брзо, сите страни да избегнат дејствија кои водат до ескалација

од Stefanija Kuzmanovska

КФОР денеска ја поздрави одлуката за отстранување на барикадите на северот на Косово, наведувајќи дека тоа треба да се направи брзо и безбедно и дека сите страни треба да „избегнат каква било реторика или дејствија што може да предизвикаат нова ескалација“.

„КФОР внимателно го следи развојот на настаните. Остануваме крајно претпазливи и подготвени да интервенираме, доколку е потребно, во согласност со нашиот мандат заснован на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година“, наведе КФОР во соопштението доставено до „Танјуг“.

КФОР ја „поздравува синоќешната одлука за отстранување на барикадите на северот на Косово“.

Слични содржини