Ким ги посети повредените Кинези

од desk2

 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ја посети кинеската амбасада во Пјонгјанг за да изрази длабоко сочувство поради сообраќајната несреќа.

Во несреќата загинаа 32 кинески туристи, додека двајца се тешко повредени, јавија севернокорејските медиуми.

Ким во понеделникот, отиде во болница во ккоја се наоѓаат повредените, наведува севернокорејската агенција, истакнувајќи дека лидерот на Северна Кореја лично се запознал со третманот на повредените, јави Ројтерс.

Несреќата се случи во нделеата кога автобус падна од мост во провинцијата Северна Хванг, јужно од главниот град.

Во сообраќајката загинаа 32 Кинези и четири Севернокорејци, соопшти Министерството за надворешни работи.

Кина и Северна Кореја делат копмнена граница, а Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и кинески туристи се меѓу наголемите групи кои ја посетуваат оваа излирана земја.

Слични содржини