Ким Кардашијан, поради насловна страна, повторно обвинета за расизам

Крајот на деценијата не би бил комплетен доколку Ким Кардашијан не предизвика уште еден скандал. Имено, старлетата уште еднаш е обвинета за навреда на црнечката култира, овојпат поради потемнување на кожата.

Ким беше главна ѕвезда на списанието 7Hollywood кое излегува два пати годишно. Таа се најде на насловната страна на најновото издание со тапирана коса и во винтиџ издание од архивата на нејзиниот нов омилен дизајнер Тери Муглер.

Сепак, афроамериканците кои ја следат старлетата на социјалните мрежи, ја обвинија дека таа повторно се обидува да биде црнкиња.

Освен што 90 отсто од коментарите под нејзината инстаграм објава, се со обвиненија против Ким, слични коментари го преплавија и Твитер.

„Немојте да ми зборувате ништо за лажниот тен. Ким Кардашијан е црнкиња во овој магазин“, изјавила една користичка.

„Како тоа никој не зборува за обидите на Ким Кардашијан да биде црнкиња? Тоа што има маж црнец и деца од мешана раса не значи дека и таа е црнкиња. Тоа што е на чело на затворските реформи исто така не значи дека има право да глуми црнкиња“, заклучил друг корисник.

„Нешто не е во ред со Ким Кардашијан. Нејзината опседнатост со тоа да биде црнкиња е извртена.“

„Навистина ли сите ќе ја пуштите Ким Кардашијан да си игра црнкиња до крајот на животот и ќе молчите за тоа?“, запрашале на Твитер.

Инаку, Ким најчесто е обвинувана дека глуми црнкиња поради фризурите, а во средината на скандалот се нашла и нејзината сестра Кендал Џенер.

Слични содржини