Кими Раиконен го напушта Ferrari на крајот на сезоната

од desk2

На официјалната веб-страна на Ф1 екипата Scuderia Ferrari беше објавено дека финскиот возач Кими Раиконен го напушта тимот на крајот на сезоната, по што ќе се приклучи на тимот на Sauber.

За поранешниот Ф1 шампион Кими Раиконен ова ќе биде втор ангажман во тимот на Sauber.

„Во текот на сите овие години допринесот на Кими кон тимот, како возач и како човек, беше клучен. Тој одигра клучна улога во развојот на тимот додека истовремено беше одличен тимски играч. Како светски шампион со тимот на Ferrari, тој секогаш ќе остане дел од историјата и семејството. Му се заблагодаруваме на Кими за сѐ она што го направи и им посакуваме успешен живот на него и на неговото семејство“, пишуваше во соопштението на Ferrari.

Финскиот возач со прекар „Iceman“ е роден на 17 октомври 1979 година, а во Формула 1 дебитираше во 2001 година во Австралија. Тој стана шампион во 2007 година додека возеше за Ferrari. Освен за Ferrari, возеше и за Sauber и McLaren, а во еден краток период реши да си ја проба среќата и во NASCAR.

Кими Раиконен ќе остане во Формула 1 натпреварувањето и во наредните две години ќе биде возач на тимот на Sauber, што ќе претставува негово враќање во швајцарскиот тим.

Слични содржини