Кина ќе преземе контрамерки против американските субјекти кои го поткопуваат нејзиниот суверенитет

од Radmila Tasevska

Кина денес објави дека ќе преземе контрамерки против американските субјекти кои го поткопуваат кинескиот суверенитет, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, го изјави ова на почетокот на редовниот брифинг со новинарите, откако САД соборија кинески балон и рече дека сакаат да санкционираат шест компании поврзани со кинеска програма поврзана со наводен кинески шпионски балон, објави Ројтерс.

„САД злоупотребија сила, претераа, ја ескалираа ситуацијата и ја искористија како изговор за незаконско санкционирање на кинеските компании и институции“, рече Ванг.

Слични содржини