Кина вели дека ризикот од инфекција со корона од замрзната храна сега е многу мал

од Stefanija Kuzmanovska

Ризикот од заразување на потрошувачите со коронавирус преку храна е многу мал благодарение на владините мерки, но не е целосно елиминиран, изјави висок кинески официјален претставник во средата.

„Ризикот потрошувачи да добијат коронавирус преку контакт со прехранбени производи од ланец замрзнати производи е многу мал“, рече Ли Нинг, заменик директор на Националниот центар за проценка на ризикот на храна во Кина.

Светската здравствена организација (СЗО) исто така верува дека ризикот од инфекција со ковид-19 преку замрзната храна е мал.

Проверки на ланец замрзнати производи откриле 0,48 потврдени случаи на контаминација на 10.000 испитани примероци, соопштија официјалните лица.

Ли, сепак, посочува дека ризикот не е целосно неутрализиран, објаснувајќи дека меѓу оние кои се најизложени спаѓаат „оние кои ракуваат со пакетите и повеќе пати дошле во контакт со надворешното пакување на увезената замрзната храна во одредена околина“.

Епидемиолозите сметаат дека тие можат да спречат повторно ширење на вирусот.

„Со оглед на искуството од изминатите 11 месеци, убедени сме дека можеме да спречиме повторување на епидемијата и сериозно ширење на вирусот како што бевме сведоци на почетокот на 2020 година“, рече Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за превенција и контрола.

Кина ќе го засили надзорот и инспекцијата на другите увезени стоки и контејнери во текот на зимата, додаде Ву.

При купување на увезени замрзнати производи, производителите и трговците со храна мораат да добијат сертификат за дезинфекција и потврда дека храната не е заразена со вирусот ковид-19,  рекол пред новинарите Чен Ксу од Државната управа за регулирање на пазарот.

„Ројтерс“ ја цитира и веста објавена денес од државниот весник Peking News дека пазарот во Пекинг Ксинфади ја запре продажбата и складирањето на замрзнати и производи од аквакултура.

Слични содржини