Кинезите открија сосема нов вид на коронавирус: Има ли причина за страв?

од Vladimir Zorba

Кинеските научници открија сосема нов вид на коронавирусот и предупредија на потенцијалната закана за биолошката сигурност што ја претставува вирусот. Новиот вид е, исто така, подложен на мутации, може да се пренесе од животни на луѓе и не може вкрстено да се неутрализира со антитела кои го таргетираат вирусот САРС-КоВ-2, велат научниците.

Научниците, од кои повеќето потекнуваат од Универзитетот Вухан, неочекувано открија дека видот NeoCoV откриен во Јужна Африка и неговиот близок роднина PDF-2180-CoV можат ефикасно да користат некој тип на ензим што го конвертира ангиотензинот 2 кај лилјаците (ACE2) и, понеповолно, човечкиот ACE2 за да влезе во клетките.

САРС-КоВ-2, кој првпат беше идентификуван во Вухан, а подоцна ја предизвика пандемијата на Ковид-19, исто така користи ACE2 за да влезе во човечкото тело.

Студијата на кинеските научници објавена во нерецензирано издание на „bioRxiv“ сугерира дека инфекцијата со овој нов вид, кој моментално ги таргетира лилјаците, не може да биде вкрстено неутрализиран со антитела насочени кон вирусите САРС-КоВ-2 или МЕРС-КоВ.

Кинеските научници признаваат дека природата на NeoCoV останува загадочна и предупредуваат на потенцијалната закана за биолошката безбедност за луѓето, со високи стапки на смртност и пренос.

Други неодамнешни студии, исто така, спроведени од кинески научници, покажаа дека „предокот“ на варијантата „омикрон“, кој предизвика нов бран на инфекции ширум светот и сега е доминантен во многу земји, преминал од луѓе на животни, брзо акумулирајќи мутации и потоа се вратиле кај човекот.

Што велат во СЗО?

Светската здравствена организација соопшти дека прашање е дали коронавирусот на NeoCoV е закана за луѓето. Како што наведоа, ќе бидат потребни дополнителни истраги.

„Дали новооткриениот вирус ќе претставува закана за луѓето останува да се утврди“, изјавија од СЗО за ТАСС, додавајќи дека тие тесно соработуваат со OIE, FAO и UNEP за следење и брзо реагирање на можните зоонози.

СЗО истакна дека се запознаени со истражувањата на кинеските научници и се благодарни што претходно ја објавија содржината на студијата.

– Животните, особено дивите животни се извор на повеќе од 75% од сите нови заразни болести кај луѓето, од кои многу се предизвикани од нови вируси. Коронавирусите често се наоѓаат кај животните, вклучително и лилјаците, кои се идентификувани како природен резервоар за многу од овие вируси, соопшти СЗО.

Слични содржини