Кирјос ја обвини лондонската публика за „непочитување“: „Ме нарекоа кретен…“

од Vladimir Zorba

Австралиецот Ник Кирјос го победи британскиот квалификант Пол Џуб со 3: 6, 6: 1, 7: 5, 6: 7 (3), 7: 5 во првото коло на Вимблдон, но повторно влезе во расправија со публиката на трибините, која, од разбирливи причини, го поддржа противникот.

27-годишниот Австралиец упати 67 победнички удари на натпреварот, но неколку пати се сврте кон судијата на стол со барање да отстрани дел од гледачите на трибините.

На прес-конференцијата по натпреварот, Кирјос „испушти пареа“, обвинувајќи ја публиката за „непочитување“.

„Имаше голем недостаток на почит од публиката. Почнувам да се прашувам дали тоа е нормално, но знам дека не е“, им рече Кирјос на новинарите.

„Некој од публиката денес извика дека сум кретен. Дали е тоа нормално? Не. Не знам зошто тоа се случува повторно и повторно“, рекол Австралиецот.

„Дали некогаш сте отишле во супермаркет и сте почнале да навредувате некој што ги скенира нивните производи на касата? Не. Тогаш зошто го прават тоа кога сум на „Вимблдон“? Зошто е тоа?“, праша тој.

Светскиот рекет број 40 не жали што по успехот плукнал во правец на навивач кој според неговите зборови го „малтретирал“.

„Долго време се соочувам со омраза и негативност, па не чувствувам дека ѝ должам ништо на оваа личност. Тој буквално дојде на натпреварот, не за да поддржи некого. Дојде да ме изнервира. Има ограда а јас физички не можам ништо да направам или да кажам нешто затоа што ќе имам проблеми. Можат да кажат што сакаат“, изјави Ник Кирјос.

На почетокот на овој месец, Австралиецот ги обвини и гледачите на турнирот во Штутгарт за расистички навреди.

Слични содржини