Кирјос: Сите што велат дека сум лош за тенисот се глупави

од Vladimir Zorba

Ник Кирјос беше елиминиран од „Мастерсот во Индијан Велс. Мечот против Надал предизвика големо внимание, особено поради однесувањето на австралискиот тенисер, кој по мечот го скрши и вториот рекет.

За малку ќе го удреше собирачот на топки, за што подоцна се извини и му дал рекет на момчето.

Неговото однесување повторно предизвика лавина негативни коментари, но Кирјос застана во негова одбрана, повторно без да бира зборови.

„Се чувствувам како да сум еден од оние луѓе кои му помагаат на овој спорт, му посветувам повеќе внимание и сите што мислат дека сум лош за овој спорт, се глупави. Како воопшто да немаат поим. Не знаат што тие зборуваат. Луѓето одеднаш мислат дека се релевантни. Не, не сте релевантни. Ги имате овие мали профили на социјалните мрежи каде што пишувате за луѓе. Ширите негативност. Штета е, гледате како тоа влијае на луѓето. Го погоди и Расел Вестбрук. Ги погоди сите луѓе, Наоми Осака. Мене ми влијаеше со години и не е добро“, изјави Кирјос.

Нему му пречеше прашањето на новинарот за неговото однесување, вели дека го засенило сето добро што го направил во Индијан Велс.

„Одиграв три проклето добри натпревари. Победив еден од момците кој имаше речиси 60 победи минатата година и никој не се сеќава на тоа. Сите само ќе се сеќаваат кога Кирјос загуби од Рафа на „Индијан Велс“ и како го фрли рекетот. Луѓе како што сте вие го расипувате овој спорт“, заклучи Кирјос.

Слични содржини