Ќе ве изненади кое од децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон е најбогато

од Stefanija Kuzmanovska

Принцезата Шарлот е побогата од нејзините браќа, принцовите Џорџ и Луис, објави The Mirror – а сето тоа е благодарение на мајката на Шарлот, принцезата од Велс, и нејзиното софистицирано чувство за мода.

Како што се наведува, преслатката ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон има нето богатство од 3,5 милијарди фунти, само малку повеќе од моменталната нето вредност на Џорџ од 3,4 милијарди фунти. Оваа вредност, известува The Mirror, била пресметана врз основа на проценетото идно наследство на децата плус нивните индивидуални влијанија врз економијата на Велика Британија.

Принцезата Шарлот го надмина идниот крал поради своето влијание врз модата.

„Иако нејзината нето вредност е намалена за 12 проценти од 2021 година, таа сè уште го надминува постариот брат принцот Џорџ, очигледно поради ‘ефектот Кејт Мидлтон’, бидејќи модните избори на членовите на кралското семејство можат да имаат огромно влијание врз актуелните трендови“, се вели во објаснувањето.

Се чини дека се повторува истиот образец како и со Кејт, бидејќи сè што носи се распродава за кратко време, а Шарлот ја наследи способноста на нејзината мајка да влијае и да ја стимулира економијата со нејзиниот моден избор.

Како и Кејт, модата на Шарлот вклучува парчиња од дизајнери како Александар Меквин, но и street style брендови како John Lewis, Next и Zara.

Таа, исто така, често носи парчиња од Рејчел Рајли и Тротерс, а во склад со нејзината возраст, често е видена во цветни фустани со кратки надувани ракави и слатки јаки. Таа додава хулахопки на изгледот доколку времето е посвежо, а преферира и рачно везени блузи.

„Таа сака и кардигани, машнички за коса, чорапи до колена и кожени чевли на Мери-Џејн“, пишува „Сан“.

Слични содржини