Кластер во Кичево: Десетмесечно бебе е заразено со Ковид

од Берта Китинска

Расте бројот на заразени во земјава , вчера беа регистрирани 588 нови случаи на Ковид 19, а починаа 8 лица.

Десетмесечно бебе од Кичево е најмладото зааразено лице меѓу новоинфицираните со коронавирусот, објави Телма.

Последниве неколку седмици Кичево се најде во водечката група на градови по број на новозаболени. Се  појавија повеќе нови кластери од кои еден од 30 млади лица, кои изминативе 10 дена биле на одмор во Охрид. Заразеното бебе било во блиски роднински врски на еден од кластерите.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.

Слични содржини