Кличко: Во Киев се стабилизираше функционирањето на системот за централно греење

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска соопшти дека главниот град на Украина го стабилизирал системот за централно греење, по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата.

„Поточно, целосно се обновени сите системи за снабдување на главниот град со топлинска енергија“, напиша Кличко на социјалната мрежа Телеграм.

Тој изјави и дека сите топлани работат сосема нормално и дека во текот на денот комуналните служби ќе работат на отстранување на проблемите во домовите, каде што снабдувањето беше прекинато поради штети од гранатирање.

Слични содржини