Клиперси добија нов тренер кој знае како се освојува прстен

од Nikola Popovski

Тајрон Лу е избран за нов тренер на кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс, објави НБА-лигашот.

Претходната сезона Лу беше асистент на Док Риверс, со кого франшизата од „градот на ангелите“ ја заврши соработката во септември.

43-годишниот Лу ќе биде 26-от тренер во историјата на клубот.

За време на неговата кариера како тренер, тој го предводеше Кливленд во периодот од 2016 до 2018 година, со кого стана шампион во НБА лигата во 2016 година и со што го освои првиот шампионски прстен во историјата на таа франшиза.

Слични содржини