Коалицијата предводена од САД од 2014 година досега во Ирак и Сирија убила 1.359 цивили

од Aleksandar Petrovski

Во нападите на меѓународната коалиција, предводена од САД, врз позициите на Исламска држава во Сирија и Ирак од 2014 година досега загинале 1.359 цивили, соопшти денеска коалицијата.

„Во периодот од август 2014 година до крајот на ноември 2019 година коалицијата извела 34.725 напади и во овој период, врз основа на достапни информации, командата пресметала дека во нив ненамерно биле убиени најмалку 1.359 цивили“, се наведува во соопштението.

Од 2014 година САД и нивните сојузници изведуваат операции против ИД во Сирија и Ирак, а во Сирија дејствуваат без согласноста на официјалните сириски власти. Во декември 2018 година САД соопштија дека го уништија калифатот на Исламска држава и го најавија повлекувањето на своите војници од Сирија. И покрај ова, американските војници се уште остануваат во оваа земја, а активните воени дејствија се пренасочени, па се изведуваат одделни локални операции против терористите.

Коалицијата денеска соопшти дека за време на нивните операции од контролата на ИД се ослободени територии од 110 илјади квадратни километри, на кои живеат околу 7,7 милиони лица.

Слични содржини