Коциќ: Внесувањето на Бугарите во Уставот е замена за радикалните ставови на Бугарија да се откажеме од историјата

од Vladimir Zorba

„Внесувањето на Бугарите во Уставот, што го прифативме со прифаќањето на преговарачката рамка, е замена за радикалните ставови изгласани во бугарското Собрание во 2019 година. Со тие ставови се наложуваше ние да се откажеме од нашата историја и да признаеме дека сме биле Бугари до 1944 година“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека со условот за менување на Уставот се избришаа овие радикални ставови и дека со внесување на Бугарите во Уставот, земјава може само да добие, а не да изгуби.

„Со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе направиме јасна дистинкција дека постојат два различни народа, македонски и бугарски и паѓаат во вода нивните тврдења дека станува збор за два исти народа“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ рече дека инаетливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање не се ништо другу, туку создавање на клима за нова криза од која политички ќе сакаат да профитираат.

Слични содржини