Кој тенисер бил првата љубов на Јелена Ѓоковиќ?

од Vladimir Zorba

Првиот дечко на сопругата на најдобриот тенисер на светот наводно не бил Новак Ѓоковиќ, иако многумина веруваа дека тој е нејзината прва и единствена љубов до крајот на животот.

Иако негуваат љубов долга петнаесет години, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга имале врски пред да се запознаат и да пронајдат љубов за до крајот на животот, пренесе „Блиц“.

И додека Ноле се забавуваше со Лидија Поповиќ, Јелена му го подари срцето на тенисерот Иван Бјелица Гиле.

Сепак, исто како и во случајот на Ноле, врската не траеше, бидејќи Јелена и Иван во тоа време беа премногу млади, пишува „Стори“.

По раскинувањето, Јелена ја пронајде својата среќа во близина на Ноле, а јавноста речиси заборави на оваа врска.

Иван некое време беше во врска со актерката Христина Поповиќ, но на таа љубов и дојде крај.

И додека Јелена ја најде среќата покрај најдобриот тенисер на светот, ништо не се знае за моменталниот емотивен статус на нејзиниот поранешен партнер.

Слични содржини