Колку ќе се промени секојдневниот живот на луѓето кои први ќе ја примат вакцината против Ковид-19?

од Nikola Popovski

Додека САД се подготвуваат со огромни напори за вакцинирање на населението од коронавирус, здравствените работници полека ги планираат сите детали за воведување на вакцината во здравствениот систем.

И покрај фактот дека внимателно се следи појавата на разни вакцини на пазарот, како вакцината против Ковид-19 веројатно ќе биде одобрена со итна постапка, прашањето за безбедноста е секако на прво место, пишува „USA Today“.

За да ги следат реакциите во реално време, првите луѓе кои примаат вакцина против коронавирус во првата недела по вакцинацијата, ќе добиваат е-пошта и СМС-пораки секој ден, со прашања како се чувствуваат.

После тоа, тие сè уште ќе ги добиваат истите пораки во наредните месец и половина, но еднаш неделно.

Се очекува дека во првиот бран на имунизација, околу 20 милиони Американци ќе примат вакцина и токму оние кои вршат активности и работа на места кои се класифицирани како примарни.

Тука спаѓаат здравствените работници, полицијата, пожарникарите, болничарите, работниците во прехранбената и слични критични индустрии и потенцијален наставен кадар во училиштата.

Се верува дека барем еден од неколкуте кандидати за вакцина ќе биде достапен до крајот на годината.

Слични содржини