Колку пати неделно жените навистина сакаат секс?

од Stefanija Kuzmanovska

Теоријата дека само мажите се иницијатори и дека само тие се грижат за сексот стана минато бидејќи најновата студија покажа дека 75 отсто од жените сакаат секс најмалку три пати неделно. Од над 5.000 испитани жени, 46,8 отсто се задоволни од својот сексуален живот, додека 53,2 отсто сакаат почесто да имаат секс.

Што се однесува до оргазмот, околу 38,6 отсто од жените го доживуваат врвот барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 отсто од нив често, 16,2 отсто повремено и 10,2 отсто имаат редовни повеќекратни оргазми. Само 8,4 отсто од жените ретко доживуваат оргазам за време на секс со партнер, а само 2,8 отсто никогаш.

Студијата исто така потврди дека најважно за жените да имаат добар секс е емоционалната поврзаност, односно постоење на меѓусебни чувства. Тоа го сметаат 53,2 отсто од жените, додека 23,6 отсто од нив ја гледаат предиграта како клуч за сè. Другите фактори вклучуваат комуникација (10,4 отсто), редовна сексуална активност (7 отсто), воведување на новини и разновидност (4 отсто).

Исто така беше прикажано кои негативни фактори влијаат најмногу врз сексуалниот живот на жените:

– Стрес (39,2 отсто);

– Лоши односи со партнерот (28,2 отсто);

– Несигурност заради физички изглед (20 отсто) и

– Грижа за децата (11,8 отсто).

Слични содржини