Компанијата Мета отстранува содржини од Фејсбук кои ги поддржуваат немирите во Бразил

од Stefanija Kuzmanovska

„Мета“, компанијата која е сопственик на Фејсбук, ја отстранува сета содржина на оваа социјална мрежа која ги поддржува вчерашните немири во Бразил, изјави денеска портпаролот на компанијата.

„Пред изборите во октомври, го назначивме Бразил како привремена земја со висок ризик и ја отстранивме содржината што повикува на вооружен бунт или насилни напади врз Конгресот, претседателската палата и другите владини згради“, рече портпаролот на „Мета“, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека компанијата активно ја следи ситуацијата и ќе продолжи да ги отстранува содржините што поддржуваат акти на насилство.

Слични содржини