КОНЕЧНА ОДЛУКА: Изборниот колеџ гласа за исходот на претседателските избори во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Изборниот колеџ, кој се состои од вкупно 538 претставници од педесет американски држави, се состанува денес, кога треба официјално да ги потврди резултатите од претседателските избори во Америка, на кои се предвидува победа на демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Изборниот процес во Соединетите Држави не е завршен се додека не се состанат и гласаат претставниците на гласачите, чиј број е пропорционален на бројот на жители на секоја од нив.

Избирачите скоро секогаш гласаат за претседателскиот кандидат кој победил во земјата што ја претставуваат, пишува „Гласот на Америка“.

Сите 50 американски држави ги потврдија предвидените резултати од гласањето на нивните територии, според кои кандидатот на Демократската партија, Џозеф Бајден, освои 306 изборни гласови, наспроти 232, колку што има актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп.

Во петокот, американскиот Врховен суд ја отфрли тужбата на американската држава Тексас, која побара поништување на резултатите од претседателските избори во клучните држави – Пенсилванија, Џорџија, Мичиген и Висконсин.

Врховниот суд пресуди дека Тексас не е надлежен за поведување на случајот.

Актуелниот претседател Доналд Трамп ги оспорува изборните резултати, тврдејќи дека процесот бил обележан со неправилности при гласањето и пребројувањето на гласовите.

Тоа, наводно, придонело демократскиот кандидат да победи на изборите наместо него.

По изјаснувањето на Изборниот колеџ, резултатите од гласањето на 6 јануари треба да бидат потврдени од американскиот конгрес, кој официјално ќе го утврди победникот на претседателските избори.

Слични содржини