Корона во италијанскиот фудбал, заразени 11 играчи

од Vladimir Zorba

Вкупно 11 фудбалери од Џенова и тројца членови на тимот биле заразени со коронавирус, објавија италијанските медиуми.

Како што се наведува, од заразените фудбалери, можеби шест играле против Наполи во неделата.

Во саботата се знаеше дека е заразен само голманот Матија Перин, а потоа и остатокот од тимот беше подложен на тестирање, а во неделата беше откриено дека Ласе Шене е сепак позитивен.

После тоа, Џенова замина во Неапол и беше поразен со 6:0 од тимот на Џенаро Гатузо.

Резултатите од тестот пристигнаа доцна во понеделникот, а како што објави „Скај Италија“, 11 играчи биле заразени со корона, заедно со уште тројца членови на тимот.

Како што се наведува, веројатно натпреварот од 3.коло во Серија „А“ помеѓу Џенова и Торино, закажан за во сабота, ќе биде одложен.

Фудбалерите на Наполи сега треба да бидат изолирани и повторно тестирани пред дербито на 3.коло со Јувентус, кое е планирано за недела во 20.45 часот.

Слични содржини