Коронавирус во Скандинавија: Данска и Норвешка воспоставуваат сообраќаен „балон“, Шведска не е дел од планот

од Nikola Popovski

Норвешка и Данска повторно ќе воспостават сообраќај меѓу двете држави, објавиле во петокот три норвешки медиуми, најавувајќи воспоставување сообраќаен „балон“ што нема да ја опфаќа соседна Шведска, заради значително поголем број на инфекции со коронавирус.

Данската премиерка Мете Фредериксен и норвешката претседателка на Владата Ерна Солберг треба заеднички да го претстават план за продолжување на меѓусебниот сообраќај во текот на денот.

Норвешка сè уште размислува дали да дозволи слободно патување до и од Шведска, објави норвешката новинска агенција „НТБ“, повикувајќи се на неименувани извори.

Во Шведска починале над 4.000 кои биле заразени со коронавирус, што е скоро четирипати повеќе од смртните случаи во другите нордиски земји.

Шведската министерка за надворешни работи, Ен Линде, во вторникот предупреди дека исклучувањето на Шведска од плановите за отворање граници во северниот регион, кое се опоравува од пандемијата на коронавирус, ќе биде политичка одлука и нема да биде оправдана со сегашниот здравствен билтен на земјата.

Слични содржини