„Коронавирусот е направен во лабораторија во Вухан“: Тврдењата на кинески виролог го шокираа светот

од Vladimir Zorba

Д-р Ли Менг Јан, виролог од Кина, објави извештај што треба да биде доказ дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија во Вухан. Јан, која со месеци се залагаше за теоријата дека вирусот е направен вештачки, тврди дека овој научен извештај ги поддржува нејзините тврдења.

Јан, која работела како истражувач во Хонг Конг во лабораторијата на јавната здравствена установа, во извештајот наведува дека вирусот е направен во лабораторија за само шест месеци.

Научниот труд, потпишан од двајца други автори, објаснува како САРС-КоВ-2 има биолошки карактеристики кои не одговараат на природните зоонотски вируси.

Претходно, некои американски научници објавија труд во кој се наведува дека со мапирање на геномот Ковид, дошле до заклучок дека САРС-КоВ-2 не е направен во лабораторија, ниту пак дека вирусот е манипулиран. Од друга страна, научната работа на Јан го негира тоа.

Неколку дена пред објавувањето на нејзината научна работа, Јан за медиумите изјави дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, која е под контрола на кинеската влада.

Таа инсистира дека тврдењето дека вирусот потекнува од пазар во Вухан е приказна која „ги замачкува очите на луѓето“.

– Тоа е приказна за заслепување на луѓето. Овој вирус не се појавил во природата – рече Јан, која тврди дека била обучена од најдобрите лекари и научници во Кина.

Во исто време, вирологот тврди дека првото истражување на КОВИД-19 започнало минатата година. Таа претходно го обвини Пекинг дека лажел кога дознале за постоењето на вирусот и дека учествувале во прикривање на нејзиното откритие.

Во април, Јан избега од Хонг Конг во Америка, наводно, со цел да го предупреди светот за пандемијата. Оттогаш, таа се криеше од страв за нејзината безбедност.

Јан тврди дека нејзините шефови во Хонг Конг, каде работела во лабораторија признаена од СЗО, ја замолкнале кога сакала да ја предупреди јавноста за короната во декември минатата година.

Таа исто така тврди дека, пред да ја напушти Кина, биле уништени сите нејзини дела и доказите што ги собрала за формирање на вирусот.

Од друга страна, лабораторијата во која работела негира дека некогаш извршила истражување за тоа како Ковид-19 се пренесува од личност на личност, а тие посочуваат дека нејзините тврдења не се засноваат на научни факти.

Да потсетиме, Хуан Зиминг, директор на институтот Вухан, претходно ги негираше обвинувањата дека вирусот потекнува од таа лабораторија.

Скоро 30 милиони луѓе се заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата, а повеќе од 933.400 луѓе починале.

Слични содржини